Мароко веќе по првите два напревари на Светското првенство 2018 доживеа елиминација… Мароканците денеска загубија со 1-0 од Португалија, но за нив е повеќе од срамно однесувањето на главниот судија Марк Гајгер од САД за време и по натпреварот…
„Не знам за што зборуваме ние тука!? Па, не знам дали ова тука е циркус или мундијал? Замислите, судијата по првото полувреме го праша Роналдо дали може да му го чува дресот по мечот… Тоа го потврди и Пепе. Едноставно тој беше импресиониран во текот на целиот натпревар од Роналдо. А, ние се обидуваме да играме фудбал и да дојдеме до успех бранејќи ги боите на својата земја. Не знам што да кажам“ – изјави репрезентативецот на Мароко, Нордин Амрабат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА