Репрезентацијата на Мароко во среда во 20 часот игра против Франција во полуфиналето на Светското првенство во Катар. Екипата на Валид Реграгуи е главна тема на овој Мундијал, откако сензационално стигна до завршницата на Мундијалот, и стана првата репрезентација од Африка која се пласирала меѓу најдобрите четири.
Мароко имаше несогласувања пред Светското првенство, селекторска смена, но и тоа не влијаеше тимот да направи огромен успех.
Фудбалот ги „полуде“ навивачите на Мароко, кои многуимина ќе сакаат да заминат во Катар и да го гледаат својот национален тим. Националната компанија „Ер Марок“ објави дека воведува 30 вонредни летови од Казабланка до Доха, по цена од 450 евра, но чекор напред отиде мароканската фудбалска федерација.
Денеска федерација објави дека бесплатно ќе подели 13.000 билети кои ќе може да ги подигнат во мароканската амбасада во Доха. Се очекува на полуфиналето да бидат 20-30 илјади навивачи на Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА