Мароко го сака финалето на СП 2030, ќе гради стадион со капацитет од 113.000 места

Откако стана јасно дека Мундијалот во 2030 година ќе се игра во Мароко и во Шпанија, двете земји веднаш почнаа со плановите за изградба на инфраструктурни објекти.

Шпанците веќе наголемо реновираат стадиони, во моментов се реновира Камп Ноу, а претходно беше направен Сантијаго Бернабе во Мадрид, со напомена дека нови стадиони добија Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, а неколку екипи ги реновираа своите „домови“.

Меѓутоа Мароко сега сака со нов стадион да ги примами челниците на ФИФА да одлучат финалниот меч да се игра во нивната земја. Мароканската федерација во 2025 година ќе почне со изградба на нов стадион, кој ќе биде со капацитет од неверојатни 113.000 седишта. Покрај тоа, Мароко планира да ги обнови стадионот во Тангер, Рабат, Агарид, Маракеш и Феза, на кои ќе се играат Купот на Африканските нации за 2 години. Мароканската влада за таа цел подготви 1 милијарда и 300 милиони евра за стадиони.

Н овито стадион ќе се гради во Бензлимане, во близина на најголемиот град Казабланка. Целата инвестиција ќе чини 470 милиони евра.

Се вчитува...