Машката младинска репрезентација на Македонија забележа нов пораз на Светсткото првенство во Полска. Овој пат од македонските ракометари подобри беа Мароканците кои славеа со 30-26.
По изедначената игра на стартот на средбата, подобрата игра во нападот на Мароко му донесе предност од три голови (10-7), а и покрај тоа што македонските ракометари успеаја да изедначат на 12-12 и имаа шанса да поведат, не успеаја во тоа, па следеше казна на спротивната страна за 14-12 на полувремето.
Македонија одново стигна до изедначување и имаше шанса да поведе, но како и во првото полувреме, грешките скапо ги чинеа нашите ракометари. Како што одминуваше средбата, Мароканците успеаја да го наметнат своето темпо, во еден момент поведоа со 27-22 и ги решија дилемите за победник.
Со шест гола Узунчев беше прво име во таборот на Македонија, а него го следеа Белистојаноски и Стојановски со по пет голови.
До крајот на првиот дел од натпреварувањето Македонија ја очекува уште натпревар против Мексико по што ќе следат натпреварите за пласман од 25. до 32. место на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

