Фудбалерите на Мароко со победа од 1-0 над Замбија ја затворија групната фаза на Афиканскиот куп на нации и со тоа го спасија домаќинот Брегот на Слоновата Коска од рана елиминација на турнирот.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 37. минута кога победа за Мароканците донесе Хаким Зијеш.
Во вториот меч од Ф групата Демократска Република Конго и Танзанија одиграа без голови 0-0, што значеше дека Конго ќе биде вториот патник од оваа група во нокаут фазата, а Танзија исто како и Замбија го завршува натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

