На 13. јуни во Русија ќе се дознае и домаќинот за Светското првенство 2026 година за кој има четири кандидати: САД, Канада, Мексико и Мароко. На големо изненадување Мароко се истакна како најсериозен кандидат за мундијалот со уникатна идеја и одгомен буџет.
Наводно, оваа африканска земја подготвува 16 милијарди долари кои ќе ги вложи да го организира најголемото фудбалско збиднување во светот. Нивната предност за да ја добијат кандидатурата е што планираат сите натпревари да се одиграат во градови кои се блиску едни со други. Поточно, сите стадиони ќе се наоѓаат во радуис од 55 километри од Казабланка, што значително ќе ги намали патувањата на репрезентациите во текот на првенството.
Дури 97% од населението во Мароко е за организирање на големото натпреварување, додека власта истакна дека „наионален приоритет“ е одржувањето на СП токму во Мароко.
Мароко претходно се кандидираше за мундијалот во 1994, 1998 и 2006 година.
Welcome to our truly authentic #Morocco2026 host cities
?Ouarzazate
?Marrakesh
?Tangier
?Casablanca
?Oujda
?Tetouan
?Agadir
?Fez
?Nador
?El Jadida
?Meknes
?Rabat#Morocco2026 ?? pic.twitter.com/0lWejS9GRq— Morocco 2026 (@Morocco2026_EN) March 17, 2018
⚽ ?? ? Africa We Can – Together For One Goal – Morocco 2026 https://t.co/ALGP1CTs3Y @Morocco2026_EN #Maroc2026 #Morocco2026 @Imagine_2026 pic.twitter.com/GgdSvOpLMD
— Karim Basrire (@KarimBasrire) March 18, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА