„Мароко не залута во 1/4 финале“, порача селекторот на мароканците Валид Реграги на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Португалија.
Тој оптимистички порача дека Мароко нема намера да застане тука, дека сака да го земе „скалпот“ на Португалија и да стигне дури до финалето.
„Ние не преставуваме само една земја, туку цела Африка и целиот арапски свет е со нас“, рече Реграги.
„Јасно е дека Португалија е фаворит, но моите играчи воопшто не размислуваат да си одат дома. Сакаат да бидат светски шампиони. Не ме интересираат прогнозите, многу пргнози и научни методи од Харвард ги побивме. И натаму не сме го рекле последниот збор. Претпоставувам дека Португалија ќе тргне брзо да постигне гол, затоа што ние имавме натпревар од 120 минути, но ако дојдеме до полувреме да биде 0-0, ќе им направиме многу проблеми“, рече Реграги.
Дали е ова преоптимистичка најава, или, пак навистина Мароко е способен да направи ново изненадување и да се пласира во финалето, ќе видиме во сабота со почеток во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА