Мароко не само што беше рамноправен, туку на мигови и подобар противник од Шпанија, но во 25. минута можеше да упропасти се што градеше.
Најпрво Феран Торес ја погоди стативата, но судијата сметаше дека е офсајд. Но, само минута подоцна во супер прилика се најде Марко Асенсио. Одкосо од лево шутираше, само во надворешниот дел од мрежата.
Шпанците, очекувано, имаат околу 70% посед на топката, но Мароко е опасен кога ќе украде топка, кога ќе се трансфомира од одбрана во напад и тука Шпанците се најранливи.
Мароко имаше само еден обид преку Хакими од слободен удар, но само над гредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА