Фудбалерите на Мароко се пласираа во финалето на Африканскиот куп на нации кој се игра во нивната држава откако вечерва во трилер меч по изведување на пенали беа подобри од Нигерија со 4-2, откако по 120 минути беше 0-0.
Во текот на регуларните 90 минути и двете селекции повеќе размислуваа на својот, отколку на противничкиот гол, па на крајот реално беше мечот да заврши без голови 0-0 и да замине во продолженија двапати по 15 минути.
Слична беше играта и во дополнителното време. Мрежите мируваа, а натпреварот замина во последниот чин, пенал рулетот. Таму голманот Боно беше одличен бранејќи два пенали на противникот за триумф од 4-2.
Во финалето Мароко ќе се сретне со репрезентација на Сенегал која во првото полуфинале беше подобра од Египет со 1-0.
Bono unusual penalty save vs Nigeria
byu/Hakimi_Raikkonen insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

