Шпанскиот интернационалец Брахим Диаз, во иднина би можел наместо за Шпанија да игра за селекцијата на Мароко. Полуфиналистите на Светското првенство во Катар веќе го контактирале фудбалерот презентирајќи му ја таа идеја.
Селекторот на Мароко, Валид Реграги минатата седмица бил во Милано на разговори со играчот, и му ја презентирал својата идеја.
Диаз е роден во Малага, во Шпанија, а право на мароканско државјанство има по својот татко. Засега не е познато дали Диаз ќе прифати да игра за Мароко, а шпанските медиуми наведуваат дека, сепак, е поблиску да ја одбере Шпанија, за која има еден настап.
Исто така се наведува дека фудбалерот најверојатно нема да остане во Милан следната сезона, и дека сака да се врати во Реал Мадрид и да се бори за место во тимот на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА