Добрите настапи на Дибала во дресот на Јувентус, придонесоа да се зголеми интересот за неговите услуги од останатите европски екипи. Првиот оперативец на „старата дама“, Џузепе Марота ги негираше сите информации дека водел разговори со Реал Мадрид и Барселона за трансфер на Дибала во Шпанија.
„Не сум имал никакви разговори со Реал Мадрид и Барселона за ангаман на Дибала. Тој има долгогодишен договор со Јувентус и сме во преговори за зголемување на платата. Со него сме во одлични односи и не постои никаква опасност тој да си замине од клубот“ – истакна Марота.
Дибала е член на тимот од Торино од 2015 година и досега настапи на 60 натпревари и 27 пати се запиша во листата на стрелците. За селекцијата на Аргентина одигра на шест натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА