Директорот на Интер, Џузепе Марота, му ја препушти на Јувентус фаворитската улога во Серија А сезонава, истакнувајќи дека „нероаѕурите“ ги очекува предизвик за да стигнат до тронот на италијанскиот фудбал.
Интер моментно е на второто место на табелата, зад Милан и пред третопласираниот Јуве, но Марота потенцира дека е многу важен фактот дека Јувентус не се натпреварува во еврпоските купови сезонава.
„Го освоивме првото скудето во Серија А со Антонио Конте како тренер не играјќи во европските купови. Тогаш најдобро видов колку е значајно да се насочиш само на домашните натпреварувања, да играш само по еден меч неделно и да се фокусираш само на него. Затоа, Јувентус е мојот фаворит за титулата“, изјави Марота.
Интер пред еден месец го демолираше Милан со 5-1, но потоа следеше серија слаби игри, па „нероаѕурите“ освоија амо четири бода во последните три кола од Калчо-лигата.
„Направивме одредени грешки, не мислам дека летнавме во облаци по тој убедлив триумф над Милан, едноставно се поклопија некои работи и резултатите не беа какви што посакувавме во клубот. Ние сме Интер и секогаш сме амбициозни, мораме да одиме на секој натпревар на победа. Да кажеме „Ние сме најдобри“ би било премногу арогантно, но свесни сме дека сме силна екипа и мораме да играме во рамките на своите можности на секој натпревар ако сакаме да ги оствариме зацртаните цели“, порача првиот оперативец на „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

