Марота: Многу се зборуваше за Дибала, но тој не му беше неопходен на Интер

Директорот на Интер, Џузепе Марота, проговори за пропаднатиот трансфер на Пауло Дибала во таборот на „нероаѕурите“. Аргентинецот беше слободен да пристигне на „Џузепе Меаца“ без никаква отштета, Интер му ги имаше понудено оние шест милиони евра годишна плата што Дибала ги побара, но кога се очекуваше официјализацијата да биде само рутина дојде до застој.

На крајот, Интер се олади од интересот откако не успеа да се ослободи од Џеко и од Алексис Санчез, па Дибала потпиша договор со Рома.

„Ние завршивме одлична работа на пазарот со ангажманот на Лукаку, нешто со што сите мораме да бидеме горди. Многу се зборуваше за Дибала во текот на летово, точно е дека имавме разговори со овој фудбалер, но на крајот увидовме дека тој не му е неопходен на Интер. Имаме доволно опции во нападот и ќе ги нападнеме трофеите во сите натпреварувања и без негова помош“, истакна Марота.

Се вчитува...