Џузепе Марота се уште не е официјално промовиран во нов спортски директор на Интер, но екс-оперативецот на Јувентус веќе наголемо ги планира следните трансфери на „нероаѕурите“. Во тек се преговори за бројни фудбалери, но Марота има една голема желба – да го доведе Сергеј Милинковиќ – Савиќ за инает на неговиот поранешен клуб. Имено, „старата дама“ минатото лето не успеа да се договори со Лацио околу висината на отштетата откако Лотито инсистираше на отштета од над 100 милиони евра, но сега ситуацијата се промени откако по слабите игри на Милинковиќ – Савиќ на стартот од сезоната и неговата вредност значително се намали.
Јуве се уште е заинтересиран, но Интер за свој адут го има Марота, кој е оптимист дека трансферот ќе може да го комплетира неколку месеци пред завршувањето на сезонава, за да не навлезе во наддавање со останатите клубови во текот на летото. Челниците на „нероаѕурите“ обезбедиле 80 милиони евра за овој трансфер, со кој Интер се надева дека ќе направи значаен чекор напред во обидот да го стигне Јувентус на тронот на италијанскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

