Директорот на Интер, Џузепе Марота вели дека трансферот на Ромелу Лукаку во италијанскиот гигант не е пропаднат и дека зделката е во реализација, само мора сите да бидат смирени. Од раководството на „нероаѕурите“ се подготвени за белгискиот репрезентативец да понудат 75 милиони фунти, но од Манчестер Јунајтед не сакаат да го продадат за сума помала од 80 милиони.
„Трансферот е во тек. Работиме да направиме колку може подобар тим за новата сезона. Интер е амбициозен проект и работиме за што подобар тим. Секако, мора да пронајдеме начин да не го нарушиме финансискиот фер-плеј. Имаме добри идеи, но мораме да бидеме внимателни ако сакаме се да помине во најдобар ред“, вели Марота.
И тренерот на тимот од „Џузепе Меаца“, Антонио Конте е заинтересиран да го донесе Лукаку во клубот, а исто така и напаѓачот сака да игра за италијанскиот стратег. Моментално Лукаку е во Австралија, каде со тимот на Манчестер Јунајтед се подготвува за новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА