Марсеј доби историска шлаканица на „Велодром“

Олипик Марсеј се мачи на домашен терен, на последните пет средби на „Велодром“ забележа само една победа, но најболен дефинитивно ќе биде денешниот пораз од 1-3 од Оксер што никој од домашните навивачи и фудбалери не го очекуваше.

Олимпик важеше за голем фаворит против новиот прволигаш, но одигра катастрофално прво полувреме во кое гостите ја казнуваа секоја грешка на одбраната на домаќините, заминувајќи на одмор со водство од 0-3. Ова беше прв пат во клупската историја Олимпик на полувреме да губи со 0-3 од тим што е повратник во француската елита, па јасно е зошто Де Зерби и неговите фудбалери беа испратени со свирежи од публика на пат кон соблекувалната.

Домаќините заиграа нешто подобро во вториот дел, но успеаја да постигнат само еден гол, со пеналот на Гринвуд, премалку за да се поправи катастрофалното издание од првите 45 минути.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...