Марсеј го доби трилер-дербито со Лион

Олимпик Марсеј се врати на второто место на табелата во францускиот шампионат откако во драматичен дуел успеа да слави над Лион со 3-2. Сите возбудувања се случија во второто полувреме откако првите 45 минути минаа во здодевна игра од двете страни, но ситуацијата се промени по голот на Толисо за водство на Лион во 53. минута.

Истиот фудбалер имаше уште две шанси за да го зголеми водството на својот тим, но откако не се снајде најдобро казната стигна експресно, па Олимпик преку Гринвуд и Рабио поведе со 2-1.

Рабио од херој се претвори во трагичар откако играше со рака за пенал, по што Лаказет стрелаше прецизно од белата точка за 2-2, но Марсеј на крајот сепак успеа да стигне до цел плен, благодарение на погодокот што го постигна Луис Енрике во 85. минута.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...