Екипата на Олимпик Марсеј минимално со 1-0 го совлада тимот на Монако во 16. коло во Лига 1. Натпреварот изобилуваше со неколку шанси на двете страни, а на крајот беше решен само со еден гол преку Гринвуд.
Обамејанг уште во 6. минута се најде во добра шанса, но не реализираше. Во вториот дел Минамино веднаш во 46. минута имаше прилика за Монако, топката отиде крај голот. Храдецки мораше да го брани ударот на Обамејанг. Минамино имаше уште една прилика која ја одбрани Рули, а потоа и поништен гол за гостите.
Клучниот миг се случи во 82. минута кога по една акција на Хојбјерг, беше проигран Гринвуд кој со одличен удар го совлада Храдецки и го донесе својот тим во предност.
Монако имаше голема шанса, но немаше среќа во завршницата кога ударот на Берет беше блокиран од еден од одбранбените играчи на Марсеј на самата гол линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

