Марсеј го контактирал Алонсо, Шпанецот веднаш ги „откачил“

Информациите кои доаѓаат од француските медиуми денеска, се дека Олимпик Марсеј има преамбициозен план на клупата да го донесе доскорашниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

Алонсо се споменува како наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, и како заменик за Арне Слот во Ливерпул, и сигурно дека една ваква понуда во моментов не му одговара.

Според „РМЦ Спорт“, управата гледа во Алонсо идеален менаџер за освојување на титулата, и прекин на доминацијата на ПСЖ.

Меѓутоа според информациите, Алонсо веднаш им соопштил на челниците на Марсеј дека нема намера да ја прифати понудата, и тоа поради фактот што тимот е нестабилен, и е свесен дека во такви услови не сака да работи.

Се вчитува...