Марсеј и Монако си поделија по бод, нестварно промашување на Витиња (ВИДЕО)

Дербито на Франција ги оправда сите очекувања, откако Олимпик Марсеј и Монако си освоија по бод играјќи 2-2. На крајот Марсеј може да биде среќен што не загуби, и покрај тоа што во финишот од мечот имаше дури двајца играчи помалку, а играше со играч помалку уште од 11. минута.

Бен Једер во 7. минута го шокираше Велодром. Сепак, насмевките на лицата на навивачите на Марсеј се вратија само четири минути подоцна, откако Марипан доби искучување, и Монако остана со 10 играчи.

Обамејанг го казни сето тоа и во 38. минута донесе израмнување. Сепак, Аклиуче во третата минута од судиското надополнување одново донесе предност за Монако.

Балерди во 50. минута одново за израмнување на Марсеј, а возбудувањата продолжија и во финишот. Закарија во 87. минута го остави Монако со девет играчи во поле. Но, и во една таква ситуација на крајот Монако имаше добра шанса да дојде до сите три бода, но не помина додавањето на Головин до осамен соиграч на другата страна. Добра шанса имаше и Марсеј, но ударот на Обамејанг беше изблокиран.

Чудно беше промашувањето на Витиња, кој не реализираше во празен гол и така пропушти можност да донесе победа на Марсеј во 94. минута од средбата.

Се вчитува...