Екипата на Олимпик Марсеј беше пред победа во 18. коло во францускиот шампионат, откако имаше предност над Стазбург. Меѓутоа момците на Џенаро Гатузо потклекнаа во финишот, и примија гол, по што загубија два бода.
Самуел Жиго уште во 2. минута донесе радост за домашната публика и водство за Марсеј. Меѓутоа Стразбур одигра одличен натпревар на „Велодром“, и имаше голема шанса во 15. минута преку Гамеиро, но не успеа брзо да се врати. Во 86. минута гостите преку Баква ја погодија пречката од слободен удар.
Сепак, Стразбур на крајот успеа да постигне гол преку Себас, и така да го однесе својот тим до бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА