Марсеј остана без „муниција“ против Лориен

Олимпик Марсеј не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Лориен играјќи без голови 0-0 во последниот натпревар од 30. рунда во француската елитна Лига 1.

Иако во текот на целиот натпревар гостите го имаа поседот на топката и играта не успеаја да го пробијат домашниот тим кој одигра неверојатно во одбраната и на крајот стигна до голем бод во борбата за што подобар пласман сезонава.

Марсеј со овој бод останува на третата позиција на првенствената табела која следната сезона води во квалификациите за Лигата на шампионите со осум бода помалку од лидерот ПСЖ и два помалку од второпласираниот Ленс. Лориен е десетти со 45 бода и не мора да се грижи за својот опстанок во елитата.

 

Се вчитува...