Олимпик Марсеј презеде дисциплинска мерка против Адриен Рабио (29) и Џонатан Роу (21) по жестоката расправија по поразот од 1-0 на гостински терен против Рен во петокот вечерта во првиот натпревар од сезоната во Лига 1.
Двајцата се судрија во напната атмосфера во соблекувалната, наводно, откако соиграчите и персоналот се обидоа да интервенираат. Вербалната размена ескалираше во закани, што ја натера хиерархијата на клубот да интервенира.
Како последица на тоа, и Рабио и Роу се привремено исклучени од првиот тим. Иако не се очекува суспензијата да трае долго, раководството на Maрсеј сакаше да испрати јасна порака дека таквото однесување нема да се толерира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

