Марсеј постигна пет голови во голеадата во Анже

Марсеј стигна до убедлива победа во 18. коло од француското првенство славејќи на гостувањето кај Анже со 2-5.

Голеадата започна уште во првото полувреме со пет постигнати голови од кои четири од страна на гостите.

Мрежата за Марсеј ја тресеа Гири (19′), Гринвуд (24′), Траоре (34′) и Веа (40′) пред Сбаи да намали на 1-4 со гол во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Пихао во 88. минута го постигна петтиот гол за Марсеј, а поразот го ублажи Алевина во 92. минута.

Се вчитува...