Марсеј со играч помалку до победа против Лион (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј стигнаа до голема победа откако вечерва и со играч помалку успеаја да слават на гостувањето кај Олимпик Лион со 2-3 во последниот меч од 5. коло во Лига 1.

Гостите уште во 5. минута останаа со играч помалку откако втор жолт картон доби Балерди. Домаќините можеа да стигнат до водство во првото полувреме, но во судиското надополнување пенал не реализираше Лаказет. Сепак, до водство домаќините од 1-0 стигнаа со голот на Чалета-Цар во 53. минута. Лирола во 69. минута и Гарсија во 82. минута донесоа целосен пресврт за гостите 1-2. Лион успеа да израмни на 2-2 преку Черки во 93. минута, додека конечнтие 2-3 ги постави Роу во 95. минута.

Olympique Lyonnais 1 – [2] Olympique de Marseille – Ulisses Garcia 82'
byu/50lipa insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...