Марсеј во финишот изгуби два вредни бода против Анже (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпик Марсеј не успеаја да го искористат киксот на ПСЖ и на Ленс, откако вечерва ремизираа на домашен терен против Анже со 2-2 во меч од 10. коло од новата сезона во Лига 1.

Гостите стигнаа до изненадувачка предност од 0-1 со погодокот на Шери во 25. минута. Анже уште еднаш ја затресе мрежата на домаќините во 47. минута преку Еган-Рајли, но неговиот гол поради офсајд беше поништен со ВАР.

На 1-1 израмни Ваз во 52. минута, додека истиот фудбалер во 70. минута донесе целосен пресврт 2-1. Сепак, гостите на крајот успеаја да стигнат до бод преку Камара во 96. минута.

 

Marseille [1]-1 Angers – Robinio Vaz 52'
byu/Meladroit05 insoccer

Oд друга страна Монако со победата од 3-5 на гостувањето кај Нант успеа да избие на втората позиција на табелата со само бод помалку од лидерот ПСЖ.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...