Поранешниот селектор на Аргентина и актуелен тренер на француски Лил, Марсело Биелса е најсериозниот кандидат за нов селектор на Соединетите американски држави.
САД останаа без селектор откако Брус Арена си поднесе неотповиклива оставка по неуспехот во квалификациите за СП 2018 во Русија. На САД им беше неопходен само бод во последното коло против Тринидад и Тобаго за да обезбедат место во Русија, но не успеаја во тоа. Па, неизбежно следеше оставката на Арена кој на кормилото дојде во ноември 2016 година. Тоа всушност му беше и втор мандат на клупата на САД откако ја предводеше и во периодот од 1998 до 2006 година.
Сега, Американците на клупата го посакуваат Биелса кој е најсериозниот кандидат. Биелса во својата кариера, покрај што ја предводеше Аргентина беше селектор и на Чиле. Последниве години работеше како тренер на Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио и сега Лил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА