Марсело Брозовиќ се враќа во Италија, и тоа во лутиот ривал на Интер

Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ е подготвен да се врати во Европа по две и пол години поминати во Ал Наср во Саудиска Арабија. Хрватот се реши да се пресели во С.Арабија во својот најдобар период, и ги одбра парите пред нстапите. 

Две и пол подоцна 33-годишниот фудбалер од средниот ред е подготвен за „кам-бек“ во Европа, и тоа во Италија, со оглед дека Ал Наср не покажува голем интерес за продолжување на соработката.

Сите факти одат кон тоа дека Брозовиќ ќе се врати во Италија. Наводно приказната дека ќе се приклучи на Јувентус станува повеќе од сериозна. Според медиумите во Италија, уште во јануари Хрватот би можел да се врати во позната средина.

Лучијано Спалети би сакал да го види Брозовиќ во својот тим, а и лично фудбалерот немал ништо против да дојде во Торино.

Се вчитува...