Марсело: Да, да…, потпишувам за Јувентус затоа што не можам да живеам без Роналдо

Бразилскиот фудбалер Марсело од 2007 година е во Реал Мадрид, освојувајќи со клубот се што може да се освои. Речиси целата своја кариера ја мина во кралскиот клуб за што, како што вели, никогаш не зажалил.

31-годишниот Марсело има договор со Реал до јуни 2022 година, но во последниот период се понагласени се шпекулациите дека заминува од клубот и се сели во Јувентус. Бразилецот, сепак, се одлучи да ги демантира сите тие шпекулации.

„Да, да… Уште од пред две години потпишав за Јувентус, сликан со нивниот дрес“ – иронично одговори Марсело на најновите шпекулации, притоа дополнувајќи:

„Пишуваа дека не можам да живеам без Роналдо и затоа сигурно одам во Јувентус. Луѓето измислуваат се и сешто. Не сакам да си одам од Реал и мислам дека и клубот не сака да ме продаде. Јас и Реал имаме неверојатна приказна која трае 13 години. Добро е кога другите клубови се интересираат за вас, но мојот став е јасен а тоа е останување во Реал“.

Марсело за кралскиот клуб има одиграни дури 505 натпревари, постигнувајќи 37 гола дополнети и со 96 асистенции.

Се вчитува...