Марсело: Играњето против Меси понекогаш беше вистински кошмар

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело ги сподели своите спомени од играњето против Лионел Меси и дуелите со Барселона.

Марсело кажа дека понекогаш играњето против најдобриот аргентински фудбалер на сите времиња, бил вистински кошмар.

„Да се каже дека беше тешко, би било потценување. Понекогаш играњето против Меси беше вистински кошмар“, изјави Марсело.

Бразилецот беше дел од Реал цели 15 години, односно од 2007 до 2022 година, а потоа замина во Олимпијакос, а кариерата ја заврши во Флуминензе во 2024 година.

Се вчитува...