Марсело одбил алко-тест, остана без дозвола

Ѕвездата на Реал Мадрид, Марсело, е на одмор во родниот Бразил, каде се најде во центарот на нов скандал. Откако го сопрела полицијата Марсело одбил да направи алко-тест, по што полицајците морале да му ја одземат возачката дозвола. Покрај одземањето на возачката дозвола, Марсело добил и  600 евра парична казна.

Ова не е прв прекршок за искусниот лев бек бидејќи пред шест години беше казнет со 6.000 евра поради сообраќаен прекршок во Мадрид. Тогаш му беше одземена возачката дозвола на осум месеци.

Се вчитува...