Марсело одбил да игра повторно со Бејл, Бразилецот сака да остане во Европа

Бразилецот Марсело долги години играше со Герет Бејл во Реал Мадрид, но од новата сезона и двајцата нема да бидат дел од кралскиот клуб.

Репрезентативецот на Велс веќе најави дека кариерата ќе ја продолжи во ФК Лос Анџелес, а според „Мундо Депортиво“, истиот клуб доставил понуда до Марсело. Сепак, бразилскиот ветеран ја одбил понудата. 34-годишниот дефанзивец сака да остане во Европа. Тој ќе избира од неколку понуди од тимови од Ла Лига, а подготвен е да го привлече и Милан.

Марсело пристигна во Реал Мадрид во 2007 година и освои се што беше можно со кралскиот клуб. Тој е шесткратен шампион на Шпанија, пет пати со трофеите во Лигата на шампионите и шпанскиот Суперкуп, три пати го подигнал европскиот Суперкуп, двапати Купот на кралот и четири пати Светското клупско првенство.

Се вчитува...