Марсело оди по стапките на Роберто Карлос

Бразилскиот фудбалер Марсело по 15 години денеска и официјално се прости од европскиот шампион Реал Мадрид. Искусниот бек кариерата најверојатно ќе ја продолжи во турскиот шампионат и тоа во екипата на Фенербахче истото што го направи и легендарниот Роберто Карлос.

Марсело во 2007 година стигна на „Сантијаго Бернабеу“ како замена за Роберто Карлос на позицијата лев бек. Тој за клубот од Мадрид одигра 545 натпревари, а постигна 38 гола и запиша 103 аситенции.

Бразилскиот фудбалер стана најтрофејниот играч на „кралевите“ освојувајќи неверојатни 25 трофеи.

Се вчитува...