Бразилскиот интернационалец Марсело по елиминацијата на Баерн Минхен и пласманот на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во Киев призна дека играч со рака во сопствениот шеснаесетник при спорната ситуација, кога турскиот судија Чунејт Чакир не покажа на белата точка.
„Имаше рака, топката ме удри во раката, и мислам дека беше пенал. Ако кажам поинаку, ќе излажам, но фудбалот е таков спорт. Не би сакал премногу да коментирам за судиите, иако сите мислат дека понекогаш се носат одлуки во корист на Реал Мадрид. Но, има и многу други случаи, кога ние сме оштетени. На крајот, мислам дека заслужено се пласиравме во големото финале во Киев“, изјави Марсело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА