Новата тренерска смена во Реал Мадрид и враќањето на Зинедин Зидан беа причина и Марсело да ги промени своите планови за иднината. Левиот бек се наоѓаше во немилост на Сантијаго Солари, начелно ги имаше договорено и условите за трансфер во Јувентус, но ситуацијата целосно се промени со камбекот на Зидан на клупата на „кралскиот клуб“.
„Не сакам да давам било какви коментари за мојата иднина бидејќи сите кои ме познаваат знаат со колкава гордост го носам овој дрес. Реал Мадрид е мојот дом, затоа и не размислувам за ниту еден друг клуб, без разлика што се пишуваше за мене по медиумите“ – изјави Марсело по денешната победа над Атлетик Билбао.
Зидан најавува мини-ремонт во тимот во текот на летниот преоден рок, но кога станува збор за позицијата лев бек тука дефинитивно неприкосновен останува Марсело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА