Марсело Риос по 15 години во ’пензија’ му се враќа на тенисот

Поранешниот најдобар светски тенисер Марсело Риос одлучи повторно да се активира и да му се врати на професионалниот тенис на 43 години. Тој по цели 15 години пауза повторно ќе заигра на тениски турнир, на челенџерот во Охајо на почетокот на следната година.

„Тренирав многу напорно, со момци кои играат на високо ниво. Беше тешко, морав значително да ослабам, но сега сум во добра форма и се надевам на успешно враќање на терените. Замислете да освојам турнир на 43 години, тоа би било навистина убаво“, изјави Марсело Риос.

Чилеанецот беше на врвот на АТП – листата четири седмици пред точно 20 години, во далечната 1998 година.

Се вчитува...