Бразилецот Марсело го договорил трансферот во Јувентус, открива италијанскиот медиум „Ла Стампа“. Тој се договорил за четиригодишна соработка и се сели во Торино по завршувањето на сезоната. Левиот бек на Реал Мадрид оди по стапките на својот одличен пријател Кристијано Роналдо кој минатото лето го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и го засили Јуве.
Марсело цели 13 години го носеше дресот на „кралскиот клуб“, беше еден од капитените, освои многу трофеи, но оваа сезона е во втор план и најчесто е резерва во составот на Сантијаго Солари. Можеби и бидејќи се најавуваше негово заминување по завршувањето на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА