Марсело се сели на Апенините во изненадувачки трансфер

Познатата генерација на Реал Мадрид, која неколкупати ја освојуваше фудбалска Европа и светот, се чини дека се распаѓа.

По повредата на Леонардо Спиназола, Жозе Мурињо реши да тропне на вратата на Реал Мадрид и да се обиде да го донесе Марсело. Договорот на Бразилецот со Реал истекува летото 2022 година и во моментов левиот бек е далеку од било какви преговори за продолжување на соработката, па ова е доволна причина за Рома да се обиде да го донесе во своите редови.

Легендарниот Бразилец има очајна сезона зад себе, тој беше во втор план на Зинедин Зидан, и тешко дека нешто ќе се промени со доаѓањето на Карло Анчелоти. „Волчицата“ се надева дека со ангажирањето на Мурињо ќе станат мамка за привлекување на звучни имиња и дека конечно ќе направат конкурентен тим во борбата за Скудетото.

Марсело освои повеќе од 20 трофеи со „кралскиот клуб“, а одигра вкупно 528 натпревари, постигнувајќи 38 гола на кои додаде 101 асистенција.

Се вчитува...