Маршан е новото пливачко чудо – четири злата во Париз за пет дена

Леон Маршан се промовираше во ново пливачко чудо откако Французинот го комплетираше својот неверојатен настап на ОИ во Париз со нова победа, за четврто олимписко злато на овој 22-годишен пливач.

Тој беше најдобар на вечерашната трка на 200 метри мешано, минувајќи ја делницата за време од 1:65.06 минути, нов олимписки рекорд и второ најбрзо време во историјата во оваа дисциплина. Тој ги остави зад себе Британецот Данкан Скот на второто и Кинезот Ванг Шун на третото место, со што Маршан стана прв Французин во историјата што стигнал до четири златни медали на едни Олимписки Игри.

„Овој момент не се заборава, ќе го паметам цел живот. Да освојам четири медали за 4-5 дена, не знам што да кажам… вчера бев изморен, но денеска испливав фантастично. Пресреќен сум“, задоволно изјави Леон Маршан.

Се вчитува...