Францускиот пливач Леон Маршан е прогласен за најдобар спортист во Европа во традиционалниот избор на новинските агенции.
Изборот беше организиран по 67. пат од полската национална агенција (ПАП). Маршан\ (22) на Олимписките игри во Париз освои пет медали, од кои четири златни и една бронза.
Францускиот пливач доби вкупно 155 поени. Второто место во изборот за најдобар спортист на Европа му припадна на словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (148 поени), а третото место му припадна на шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, кој освои 142 поени.
Италијанскиот тенисер Јаник Синер е на четвртото место со 113,5 поени, а актуелниот светски шампион во Ф1, Макс Верстапен (71) го освои петтото место.
Во Топ 10 се и шпанскиот фудбалер Родри (53), швајцарскиот скијач Марко Одермат (49), украинската атлетичарка Јарослава Махуkич (43), белгискиот велосипедист Ремко Евенепул (36) и кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ (35).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА