Францускиот пливач Леон Маршан, постави нов олимписки рекорд на 400 метри мешано, и го сруши рекордот на Мајкл Фелпс. 22-годишниот пливач со тоа на најдобар можен начин го прослави златото, пред домашната публика.
Маршан ја заврши трката за 4:02.95, и беше цели шест секунди пред конкурентите.
На второто место заврши Мацуишита од Јапонија, додека на третото место бронзата му припадна на американецот Фостер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА