Французинот Леон Маршанд и Канаѓанката Самер Мекинтош, кои блеснаа на Олимписките игри во Париз, се избрани за пливачи на 2024 година.
22-годишниот Французин освои четири златни медали на Олимписките игри во Париз (200 и 400 метри мешано и 200 метри градно и пеперутка). Тој исто така освои бронза во штафетата на 4 x 100 метри мешано.
Маршанд не се натпреваруваше на СП во кратки базени во Будимпешта. Мекинтош освои три златни медали (200 и 400 метри мешано, 200 метри градно) во главниот град на Франција на само 17 години. Таа освои и сребро на 400 метри слободно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА