Францускиот напаѓач Ентони Марсиал се поизвесно на крајот од сезоната го напушта Манчестер јунајтед и се сели на Апенинскиот полуостров.
Неодамна Жозе Мурињо потврди дека Марсиал може да си бара нов клуб, па Французинот веднаш доби и неколку понуди на маса. Но, се чини дека е веќе на пат кон Јувентус!
„Старата дама“, наводно, е подготвена да плати 50 милиони евра, колку што бараат „црвените ѓаволи“ за трансфер на својот фудбалер.
Марсиал сезонава постигна 11 гола за Манчестер јунајтед, запишувајќи и 10 асистенции, иако има скромна минутажа. Французинот во Јувентус би пристигнал како замена за Марио Манџукиќ кој најверојатно летово го напушта тимот од Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА