Германскиот првак Баерн Минхен изрази заинтересираност за ангажман на Антони Марсијал, крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, откриваат медиумите на Островот. Тој не беше во милост на менаџерот Жозе Мурињо минатата сезона, играше многу малку, и нормално е да сака да си замине од „Олд Трафорд“. Португалецот нема намера да го пушти Марсијал во некој од конкурентите во Премиер – лигата, а Баерн Минхен би бил можеби и идеална опција.
Асенал покажа интерес за Кингсли Коман, па новиот тренер на баварскиот клуб, Нико Ковач, сака навреме да обезбеди нов квалитетен играч во навалната линија. Баерн Минхен би сакал да го добие Марсијал на едногодишна позајмица, со можност потоа да потпише перманентен договор со францускиот интернационалец.
Јунајтед тешко дека ќе се согласи, со оглед на фактот дека договорот на Марсијал истекува на крајот од новата сезона, па Мурињо ќе се обиде да го наплати заминувањето на Французинот, со најмалку 60 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА