Марсијал доби изненадувачка понуда од Балканот

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал размислува за понуда од АЕК (Атина), пренесуваат грчките медиуми. Французинот е слободен агент и може да потпише во секое време.

Според информациите на грчките медиуми, АЕК му нуди рекордна плата за клубот. Не се знае колкава е точната сума, но секако е поголема од платата на Ерик Ламела , кој моментално е на врвот на платата со 2 милиони евра.

Иако се работи за сериозен хонорар според стандардите на грчкиот фудбал, евентуалните приходи на Марсијал ќе бидат далеку помали во споредба со оние што ги имаше на Олд Трафорд – 250.000 фунти неделно.

Инаку, АЕК е заинтересиран и за Давид Датро Фофана , кој е во сопственост на Челзи , но не спаѓа во плановите на менаџерот Енцо Мареска. Трансфер пазарот во Грција е отворен до 11 септември.

Се вчитува...