Манчестер јунајтед славеше со минимални 1-0 во премиерлигашкото дерби против Тотенхем, со што „црвените ѓаволи“ експресно го оставија зад себе разочарувачкиот пораз од Хадерсфилд претрпен минатиот викенд. Марсијал беше херојот од клупата на „ѓаволите“, откако францускиот ас го постигна победничкиот погодок на асистенција на Ромелу Лукаку. Отсуството на Хари Кејн остави длабока трага во играта на „спарси“, кои не создадоа ниту една стопроцентна шанса за 90 минути на „Олд трафорд“.
Првите 45 минути минаа во тактичко надмудрување и без стопроцентни шанси за двата тима. Јунајтед подобро го отвори второто полувреме, домаќините промашија две убави шанси, но потоа Тотенхем воспостави контрола на средината од теренот и ја запре доминацијата на „ѓаволите“. Деле Али пропушти убава можносот по додавањето на Ериксен, додека на спротивната страна Лукаку со глава го погоди дирекот.
Кличен момент беше 82. минута, кога Де Хеа испрати долга топка од сопствениот шеснаесетник, Лукаку ја префрли со глава кон шеснаесетникот, а таму одлично втрча Марсијал, успевајќи да го совлада Хуго Љорис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА