Ентони Марсијал се наметна како еден од најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед во сезоната 2019/20, но Французинот не ги исполни очекувањата за претходната сезона во која на 22 натпревари во Премиерлигата забележа само шест гола и четири асистенции.
Тој остана во сенка на Кавани, а во прилог на Марсијал не му оди ни интересот на „црвените ѓаволи“ за Џејдон Санчо, трансфер од околку 90 милиони евра на англискиот тим со кој Французинот ќе биде потиснат во почетниот состав, па сега 25-годишникот бара излез од „Олд Трафордд“.
Како опција за напаѓачот се споменува трансфер во редовите на Реал Мадрид кој и претходно покажа интерес за услугите на францускиот репрезентативец и веќе започна процес на подмладување на составот. Британските медиуми тврдат дека Јунајтед е подготвен да го испрати Французинот на едногодишна позајмица во Мадрид, опција што им одговара и на „кралевите“, кои очигледно немаат буџет за скапи трансфери ниту во овој преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА