Марсијал го „пецна“ Роналдо: Руни е најдобриот фудбалер со кој сум играл во Јунајтед

Антони Марсијал во ексклузивното интервју за „Франс Фудбал“ и испрати тешки зборови на адреса на Жозе Мурињо и Оле Гунаро Солскјер, а Французинот дополнително се отвори и за најдобрите спомени од „Олд Трафорд“.

Марсијал сега има нова шанса да ја врати кариерата на посакуван пат, откако на клупата седна Ерик Тен Хаг. Фактот дека еден Кристијано Роналдо седи на клупата за резерви доволно говори за тоа дека никој нема гаранција за минутажа во Јунајтед, клуб кој уште од времето имал едени од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата.

Говорејќи за најдобрите соиграчи со кои се сретнал во Манчестер, Марсијал го издвои и Роналдо како голем пример и професионалец, сепак за него неповторлив е Вејн Руни кој е најдобар голгетер во историјата на клубот.

„Од нас во фудбалот се бара да бидеме оригинални и искрени, па затоа јас ќе зборувам за Вејн Руни. Тој е најдобриот фудбалер со кој сум играл во кариерата. Тој секогаш игра за тимот, секогаш дава 100 проценти од себе и нема изговори. Вистинско чудовиште, вистински пример за фудбалер и соиграч“, потенцираше Марсијал.

Се вчитува...