Марсијал ќе ја спасува кариерата во татковината или во Турција

Францускиот фудбалер Ентони Марсијал по девет години поминати на „Олд Трафорд“ престојното лето ќе добие нов клуб откако и самиот најави заминување од Манчестер Јунајтед со истекот на договорот.

Дваесетиосумгодишникот пристигна во англискиот клуб како еден од најдобрите млади Европјани, но пречестите повреди го спречија да го покаже целиот потенцијал. Со заминувањето од Манчестер Јунајтед добива шанса да го поправи впечатокот, но каде ќе се обиде во тоа останува отворено прашање.

За неговите услуги се заинтересирани повеќе тимови од разни места во светот, но тој преферира да остане во Европа каде има три понуди на маса. Две од нив се од Франција каде го посакуваат Лион и Марсеј, а интерес покажа и Вешикташ.

Се вчитува...