Антони Марсијал конечно би можел да најде нов клуб. Францускиот напаѓач летово го напушти Манчестер Јунајтед откако му истече договорот.
Како што објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, кариерата би можел да ја продолжи далеку од Европа, поточно во Бразил.
За него се распрашува Фламенго, кој итно бара замена за напаѓачот Педро, кој неделава на тренинг со бразилската репрезентација ги повреди вкрстените лигаменти.
Покрај Фламенго, изминатите денови Марсијал се поврзуваше и со грчкиот АЕК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

